09/06/2025

Временска прогноза за ден 24.10.2023

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена претежно висока облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните утрински температури се движат од 6 до 14 степени, а максималните од 18 до 28 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер со температура во интервал од 12 до 24 степени.

Во среда променливо облачно и топло со умерен ветер од јужен правец кој краткотрајно ќе засилува. Претпладне ќе има појава на повремен дожд во западниот дел од земјата, а од пладневните часови повремени врнежите ќе се прошират и кон истокот. Врнежите повремено ќе бидата поројни и проследени со ретки грмежи, а ќе завршуваат во ноќта.

Во Скопје променливо облачно, од пладневните часови со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Споделете