09/06/2025

Тешко повредена девојка во сообраќајка на патот Николиќ – Нов Дојран

На 17.10.2023 во 11.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат село Николиќ – Нов Дојран, Б.Н.(56) од Гевгелија, управувајќи патничко возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, со возилото излетал надвор од патот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.Н. (28) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија, информира МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Споделете