08/06/2025

Скај Њуз: Берни Еклстоун призна измама од 400 милиони фунти

Екс шефот на Формула 1, Берни Еклстоун, се изјасни за виновен за измама поради непријавувањето на 400 милиони фунти во Сингапур на владата.

Еклстоун, кој треба да наполни 93 години месецов, требаше да се соочи со судење пред судот во Саутварк во ноември, откако претходно го негираше обвинението.

Милијардерот денеска се појави пред судот поддржан од неговата трета сопруга, Фабијана Флоси, за да се изјасни за виновен за една единствена точка за измама на 7 јули 2015 година.

Судот сослуша дека Еклстоун постигнал граѓанска спогодба со HM Revenue and Customs (HMRC) за да плати 652,6 милиони фунти на 9 октомври, покривајќи 18 даночни години.

Тој беше обвинет по истрагата на HMRC за неговите финансии.

Судот претходно сослуша дека тој не пријавил средства во Сингапур со банкарска сметка која содржи околу 650 милиони долари, во вредност од околу 400 милиони фунти во тоа време.

Обвинителите рекоа дека Еклстоун дал невистинити или погрешни изјави пред HMRC на состанокот во јули 2015 година, кога рекол дека „воспоставил само еден фонд“ во корист на неговите ќерки Дебора, Тамара и Петра – пренесува Сакј Њуз.

Споделете