Неколку улици во Скопје без вода

Поради дефект на ул.„Питу Гули“ бб (до Полска амбасада), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Питу Гули“, „Димитар Пандилов“, „Капиштец“, „Ганчо Хаџипанзов“, „Караорман“ и високата зона на улицата „Ловќенска“.
Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде прекинато од 9 часот до санирање на дефектот.