Временска прогноза за ден 11.10.2023

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.
До крајот на оваа седмица ќе се задржи сончево време со студени утра, а релативно топло преку денот.