08/06/2025

Joвана Мицевска: Првиот натпревар секогаш е важен

Македонската женска ракометна репрезентација со дуелот против репрезентацијата на Азербејџан на домашен терен, денес ќе ги стартува настапите во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година.

Голманката на „црвено-жолтите“ Јована Мицевска вели дека првиот натпревар секогаш е најважен, а таа со своите колешки ќе дадат се од себе за победа.

„Имавме неколку дена за да се подготвиме за првиот натпревар против Азербејџан. Гледавме видеа и верувам дека сме подготвени бидејми знаеме со каква репрезентација ќе се соочиме. Првиот натпревар секогаш е најважен, и затоа мора да се покажеме во најдобро светло. Нормално целта е пласман на Европско првенства, така да треба да дадеме се од себе и со победа позитивно да го отвориме овој квалификациски циклус. Верувам во оваа репрезентација и сите очекуваме успешен натпревар против Азербејџан“, изјави Мицевска.

Натпреварот меѓу Македонија и Азербејџан кој ќе се игра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ е закажан за утре со почеток во 18 часот.

Споделете