08/06/2025

Софија Куновска: СДСМ станала трета партија

Mногумина поранешни функционери (високи и од пониските ешалони на партијата) се разочарани од актуелната власт, и своето негодување го изразуваат на социјалните мрежи!

Колку и да сум критична кон СДСМ, секогаш со намера да се спречи пропаѓање, ова боли…

Само вие продолжете да се сликате и лепете го поцврсто за СДСМ сето разочарување, изневерено очекување, потфрлање во борбата со корупција, злоупотребите на тие што ги чистевте со метла, а и самите бевте нивни ментори и соучесници.

Ќе се сликате и на следните избори. За жал.

Кога би можела само да знам уште колкумина ли ќе се иселат додека не се заборават сите наталожени неисполнети очекувања и не се роди нова надеж?

Вие ќе си ги трошите милионите, семејствата кои дури имаат човечки загуби од вашата бахатост и неодговорност ќе си ја носат болката со себе, нашите деца ќе заминуваат, но сепак ќе останат доволно луѓе кои ќе бидат хроничари и нема да дозволат да играте на картата на кусо паметење и да ни се враќате повторно со ретуширани биографии, сподели актерката Софија Куновска на социјалната мрежа фејсбук.

Куновска е пранешен пратеник и советник во советот на Град Скопје од редовите на владеачката СДСМ!

Споделете