Дамла Подкаст со Јани Бојаџи: Јас бев нападнат од најмоќниот човек во државата, но не дозволивме да нѐ цензурираат

Во вчерашната епизода на Дамла подкастот гостин беше Јани Бојаџи, режисер, сценарист, колумнист, универзитетски професор и директор на националната телевизија ТВ Алфа кој говореше за сите предизвици со кои културните работници во Македонија се среќаваат во денешницата.
Бојаџи посочи дека во последниве години тој и неговиот тим се мета на политички прогон од најмоќните луѓе во државата, но дека и покрај тоа тие не подлегнуваат на цензурата и дека ќе продолжат да се борат против неа.
Понатаму во гостувањето тој ја најави и македонската премиера на филмот „Кино Љубов“ која ќе се одржи во Штип на 13.10 со почеток од 21 часот во Киноверзум.
Целото интервју можете да го погледнете на јутјуб каналот на Дамла Подкаст: