НБА: Атланта ја доби драмата со Торонто

Кошаркарите на Атланта Хокс забележаа победа над Торонто од 124:122 во најдраматичниот натпревар што се одигра во НБА лигата.
Голема борба се водеше во Атланта, резултатот беше нерешен по четири четвртини (111-111), беше изедначено и во продолжението и изгледаше дека ќе мора да се играат уште нови пет минути по реализираните слободни фрлања Ануноби.
Меѓутоа „јастребите“ успеаа за точно 3.8 секунди да изведат чудесна акција во три потези која заврши со кош на Грифин со звукот на сирената за 10 славје во кампањата.
Јанг кој беше најголем креатор на победничкиот кош уфрли 33 поени со 12 асистенции, Хантер додаде 18 поени, додека херојот Грифин од клупата беше автор на 17 кошеви.
Барнс со 28 поени ја преводеше листата на стрелци кај рептилите од Канада.
НБА резултати:
Атланта – Торонто 124:122
Индијана – Орландо 114:113
Филаделфија – Минесота 109:112
Портланд – Јута 113:118
ЛА Клиперс – Сан Антонио 119:97