09/06/2025

СДСМ: Сега кога имаме историска шанса за членство во ЕУ до 2030 година, Груевски повторно работи против интеграција

Нема разлика во ВМРО-ДПМНЕ меѓу Мицкоски и Груевски. Се расправаат меѓу себе, но ист им е ставот за изолација на земјата, велат од СДСМ.

„BMPO ДПМНЕ 11 години ја држеше земјата во изолација, надвор од НАТО“.

„Груевски нудеше споменици наместо иднина“, дополнуваат оттаму.

Според нив, сега кога имаме историска шанса за членство во ЕУ до 2030 година Никола Груевски повторно работи против интеграција.

„Не можат да им понуди ништо на луѓето освен неизвесност“, истакнуваат од СДСМ.

Споделете