Претставена листата на најбезбедни земји во светот за 2023-та година. На кое место се најде Македонија?

Глобалниот индекс за мир (GPI) го претстави годишното рангирање на најбезбедни земји во светот, составено од Институтот за економија и мир.
Според институтот, најбезбедна земја за 2023 година во светот е Исланд, а на оваа листа Република Македонија се најде на 38 место.

Најбезбедна земја во светот и за 2023 година е повторно Исланд. Оваа земја во Северна Европа е на врвот на овој список секоја година од 2008 година. Второто место го држи Данска, делумно поради ниското ниво на владина корупција, а трета е Ирска, која што направи скок од 5 места во однос на минатата година.
Кога станува збор за земјите од Балканот, најдобро котира Словенија која се наоѓа на осмото место, потоа следуваат Хрватска на 14-то, а додека пак Бугарија е на 30. Под Република Македонија се наоѓаат Црна Гора на 45. место, Грција на 60. место, Босна и Херцеговина на 61. место, а Србија на 65. место, што ја прави најлошо рангирана земја на Балканот.

На дното на листата се земјите погодени од војна, широко распространето насилство и политичка нестабилност, што ги прави мошне несигурни. Тука спаѓаат Авганистан, Јемен, Сирија, Русија и Јужен Судан.

GPI ги рангира земјите според повеќе фактори, од нивото на насилство и криминал до тероризам и меѓународни судири. Овој извештај ја претставува најсеопфатната анализа на трендовите во мирот, економската вредност и развојот на мирот во општествата.