Временска прогноза за ден 28.09.2023

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Според УХМР, следува период на стабилно време со умерена облачност. Во недела ќе има услови за локален дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината.