09/06/2025

Доминик Тарцински: Не ни требаат вашите инженери. Не ни требаат вашите доктори. Земете ги сите и платете за нив! (ВИДЕО)

На обраќањето до европарламентот, полскиот европратеник Доминик Тарцински го пренесе јасниот став на Полска во врска со мигрантската криза која ја тресе Европа.

Меѓу другото тој наведе неколку факти за Полска кои ги замолкнаа европратенците:
„Најнинската стапка на невработеност во ЕУ е во Полска. Најголемиот пораст на БДП по Ковид-19 во ЕУ е во Полска. Полска е една од земјите со најниска стапка на задолженост.“

Тарцински јасно им посочи на сите:
„Затоа, немојте да ни ги кажувате овие „глупости“ за потребата за едуцирана емиграција, како што ни беше посочено.“
„Не ни требаат вашите доктори. Не ни требаат вашите инженери. Земете ги, земете ги сите и платете за нив! Нам не ни требаат.“

Тој во своето обраќање посочи дека во Полска нема терористички напади бидејќи нема нелегална миграција. За на крајот на своето обраќање да им одржи лекција и за демократијата бидејќи претходно беше обвинет за популизам.

„Затоа не ми давајте вакви аргументи за популизам, затоа што ова се факти. Факти базирани на вашите истражувања, истражувања од ЕУРОСТАТ. Затоа, не ни требаат вашите инженери, не ни требаат вашите доктори, земете ги сите. И немојте да не учите за демократија затоа што знаеме што е демократија. Затоа учете од Полска и бидете како Полска.“ – вака го заврши Тарцински своето обраќање до европарламентот.

Споделете