08/06/2025

Арбен Таравари на средба со премиерот Ковачевски во Владата

В.Д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, денес напладне ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски.

Како што се наведува во најавата, средбата ќе се одржи во Владата, по што Таравари ќе има изјава за медиумите.

Во партиското соопштение не е посочено за што ќе разговараат Таравари и Ковачевски. Дел од медимите во изминатиот период, повикувајќи се на партиски извори, пласираа информации за можен влез на АА во владината коалиција, но тие досега беа негирани.

Споделете