Позната причината за смртта на младиот актер

Ѕвездата на серијата „Еуфорија“, младиот Ангус Клауд, почина пред два месеци на 25-годишна возраст. Тогаш неговото семејство излезе со официјално соопштение, но причината за смртта досега не беше позната.
-Два месеци по неговата смрт беше објавена официјалната причина. Ангус почина од акутна интоксикација, по случајно предозирање. Ова за споменатите медиуми го потврдил судскиот совет на округот Аламеда, пренесува „Пипл“.
Според понатамошните извештаи, актерот имал кокаин, метамфетамин и бензодиазепини во крвта (лекови за депресија кои често се користат за лекување на анксиозни нарушувања, несоница и слично).
Да потсетиме, Ангус почина на 31 јули годинава во својот дом во Калифорнија, соопшти тогаш неговото семејство.Во 2013 година Агнус Клауд доживеа тешка несреќа кога падна во огромна дупка и остана заробен 12 часа. Тогаш животот му бил во опасност, се здобил со сериозни повреди на черепот, но успеал да се спаси.
Ангус глумеше во серијата „Еуфорија“, во филмовите „The Lynn“, „Северен Холивуд“, а исто така се појави и во музички спотови на различни уметници.