08/06/2025

СДСМ: Ние сме за членство во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ за изолација

СДСМ како партија, која работи во интерес на граѓаните и на државата е посветена на членство во ЕУ. СДСМ ги започна преговорите за членство по 17 чекање, реална е шансата да има ново проширување унијата до 2030 година и ова е прилика којашто треба да се искористи, соопштија од партијата.

Тие посочуваат дека македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ затоа што тоа значи подобар животен стандард, подобра инфраструктура, економски напредок, социјална правда, врвна демократија, подобро владеење на правото.

– Потребно е усвојување на важни, државнички одлуки за реазлиација на оваа стратешка цел. Антиевропското делување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е на директна штета на граѓаните и државата, ги носи во изолација, а не во интеграција. Со лаги и манипулации за бугаризација и асимилација, за губење на јазикот и идентитетот, за бугарски диктат, без било каков аргумент против уставните измени ВМРО-ДПМНЕ го кочи европскиот пат, потенцираат тие.

Во соопштението се вели дека изборот е интеграција во ЕУ и подобар животен стандард или изолација и бескрајно чекање на подобри времиња. Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ мора да бидат поразени.

Споделете