08/06/2025

СДСМ: Се грижиме за сите граѓани, продолжува изградбата на социјални станови

СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, особено за подобрување на квалитетот на животот на ранливите граѓани. Со одговорни мерки и политики на СДСМ им помагаме на стотици семејства да решат еден од најголемите животни предизвици –  обезбедување покрив над главата, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека изминативе години изградени се или во фаза на градење се над 860 социјални станови низ целата држава и тоа во Струмица, Гостивар, Македонски Брод, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Гевгелија,  Демир Капија но и на други места.

– Изградбата на социјални станови продолжува. Топол дом ќе добијат и граѓани од Велес, Неготино, Бутел, Дебар и Кочани. СДСМ со стратегијата за социјално домување не дозволува ранливите граѓани да останат на маргините на општеството и го поттикнуваме рамномерниот развој, стои во соопштението.

Споделете