Божиновски: Што викаат кловновите од правен, добар е законот?

Не стивнува негодувањето во јаноста поради ново донесениот (со европско знаменце) кривичен закон.
Божидар Божиновски, кого приврзаниците на власта во јавниот медиумски простор и социјалните медиуми го „екскомуницираа“ од нивниот табор, линчувајќи го јавно затоа што „го сменил дресот“, односно повеќе не бил на нивната страна и работел за враќање на „другата“ партија на власт, јавно го искажа својот револт на социјалните медиуми:
“Со новиот кривичен закон Рамиз Мерко е ослободен од 15 случаи”
Шо викаат хорот кловнови од правен? Добар е законот? Срамни соучесници во пљачката која ни се случува, за нив и не е жално, жално е што им се оставени млади да ги учат, а освен за проституција друго не можат да ги научат.
Haпиша Божиновски на Фејсбук.