08/06/2025

BMPO ДПМНЕ: Во Онкологија функционирала организирана мафија, директорот, министерот и Ковачевски се директно одговорни

Опозицијата верува дека највисокиот ешалон е длабоко инволвиран во случајот со Онкологија!
Го пренесуваме нивниот партиски став во целост:

Во Онкологија функционирала организирана мафија, директорот, министерот и Ковачевски се директно одговорни.

Невозможно е да се случува кражба на цитостатици од масовни размери на Онкологија, а министерот и Ковачевски да не знаат. 20 милиони евра е акумулираниот долг на Клиниката, а никој не се запрашал зошто? 

Самиот факт што никој од Онкологија не е во притвор говори дека власта го заташкува случајот.

Со СДСM и ДУИ нема правда ниту за Онкологија, ниту за десетиците други случаи, потребни се промени, за рестарт на системот.

Споделете