08/06/2025

Тешка сообраќајна несреќа кај Евзони, 4 загинати и повеќе од 40 повредени

Во сообраќајната несреќа која се случи денеска рано наутро на 521-от километар од магистралниот пат Атина – Солун во близина на областа Поликастро, на излезот Евзони, при директен судир на автомобил и автобус со српски регистарски ознаки, животите ги загубија четири лица.

Тројца од нив, според медиумските извештаи, починале на самото место, а четвртиот им подлегна на повредите во болница. Во несреќата се повредени 53 патници од српскиот автобус кои со возила на Итна помош се пренесени во болници во неколку градови на северот на Грција

По сообраќајната несреќа автопатот од границата со Македонија е затворен за сообраќај и во двата правци, а возилата се пренасочуваа кон стариот пат.

Македонски државјанин, кој се враќал дома од Кушадаси, се нашол на местото на несреќата, пишува „Телеграф.рс“.

Македонскиот државјанин за српски „Телеграф“ изјавил дека на местото пристигнал кратко откако се случила несреќата, а глетката на кој наишол била страшна.

-Беше страшно, сè уште сум во шок. Едното возило беше на средината на патот, целото згмечено, а од него преку хаубата висеа две тела, најверојатно возачот и совозачот. Патниците од српскиот автобус не можеа да излезат сè до доаѓањето на Итната помош. Тие (со автобусот н.з.) беа во ендек, но не премногу длабок, изјавил македонскиот државјанин за српскиот медиум.

Тешката сообраќајна несреќа во Грција, во која загинаа три лица, се случила кога возачот на автомобил со грчки таблички заспал и удрил во автобус со српски туристи, изјавил претседателот на YUTA, Александар Сеничиќ.

Како што изјавил Сеничиќ, по судирот, возачот на автобусот успеал да избегне столб покрај коловозот и се превртел. При превртувањето дошло до судир со друг автомобил.

Трите жртви биле во автомобилот кој прв удрил во автобусот, потврди Сеничиќ за грчките медиуми.

Во тешка сообраќајка на патот Атина – Солун, повредени се 42 лица.

На местото на настанот веднаш пристигнале полицајци и 18 пожарникари со 6 возила.

Споделете