08/06/2025

Вчера повеќе од 3000 луѓе на плоштадот во Автокоманда

Горд Македонски народе од срце Ви благодарам!

Повеќе од 3000 луѓе вечерва на плоштадот во Автокоманда ја славеа независна Македонија!

Гордост и обврска е да се биде македонец! Гордост е да живееш во независна Македонија!

Некој сеуште мисли дека ние македонците ќе станеме фуснота во нечија туѓа историја. Дојдено е времето да ги искорениме перцепциите дека сме мали и дека секој може да не негира.

Ние сме историска и современа реалност. Имаме своја држава, права и иднина!

За жал нас македонците и после 32 години држава, некој упорно се обидува да не врати на почеток. Да не крсти и прекрстува, да ни наметнува јазик и некаква си заедничка историја. Одат до таму па и учебниците од кои ќе учат нашите деца ќе се пишуваат по диктат од друга држава!

Македонците се борат и ќе се изборат!

Биди горд народе македонски, доаѓаат подобри времиња!, напиша на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Споделете