09/06/2025

Во Собранието на Македонија денес ќе се додели наградата „8 септември“

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде врачена државната награда „8 Септември“ за највисоко признание за животно дело и признание за спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2023 година.

Годинашен добитник на наградата за животно дело е Дејан Богданов за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план.

Наградите со кои се оддава признание на спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на Елизабета Божиновска Вучкова, Назми Али, Златко Калински, Санде Коцев.

Споделете