08/06/2025

Шварцвалд тортата е хит десерт за секоја свечена пригода што ќе им се допадне на сите

Го сакате ова задоволство, но никогаш не сте го направиле затоа што мислевте дека е премногу комплицирано?Едноставен рецепт со кој ќе го направите овој омилен десерт.

Состојки:

130 гр путер

150 гр шеќер во прав

2 кесички ванилин шеќер

4 јајца

100 гр темно чоколадо

50 гр интегрално пченично брашно

½ кесичка прашок за пециво

50 гр. густин

50 гр. мелени бадеми

50 гр лебни трошки.

Прв фил: 680 гр компот од вишни,2 лажици шеќер,1 кесичка ванилин шеќер,4 лажици кисела павлака,40 гр. густин

Втор фил: 700 мл слатка павлака за шлаг, 2 кесички ванилин шеќер, 3 кесички шлаг

Подготовка:

За пандишпанот во сад се ставаат путерот,шеќерот и ванилиниот шеќер и се мешаат, се додаваат жолчките, чоколадото, брашното со прашокот за пециво и густинот.Направете снег од белки.Во смесата со жолчки измешајте мелени бадеми измешани со презла и снег од белка.Добиената смеса печете ја во калап за колачи 45 минути на 180°C.

За филот, исцедете ги црешите и загрејте го исцедениот сок, измешајте ги со шеќерот, ванилиниот шеќер, павлаката и густинот па сè ставете да зоврие. Додадете ги исцедените вишни и оставете го филот да се излади.Блендирајте ја слатката павлака, измешајте ги ванилиниот шеќер, шлагот и матете додека не добиете тврд шлаг. Изладениот пандишпан исечете го на три дела. Посипете ликер врз секое и покријте го со фил од вишни и шлаг. На тортата премачкајте го остатокот од кремот и украсете го со сечкано чоколадо и вишни.

Споделете