09/06/2025

Мексичкиот Вардар доаѓа на гости во Скопје

Малку познато е дека РК Вардар има своја клон екипа и во Мексико кој исто така го носи имаето на македонскиот најтрофеен клуб.

Мексичката академија за ракомет Вардар ќе бидат во посета на Македонија од 9ти до 16ти септември, каде ќе се направат припреми за наредната сезона.

-Од 9ти до 16ти септември играчите и стручниот штаб на нашата академија ќе допатуваат во Скопје, Македонија за ракометни тренинзи и подготвителни натпревари со поддршка на клубот, пишува во објавата на клубот.

-Сакаме особено да се заблагодариме на извршниот директор Борко Ристовски за поддршката која ни ја дава, велат од мексичкиот Вардар.

Тимот на мексичкиот Вардар за прв пат ќе ја посети Македонија, а одтука очекуваат да научат многу за врвниот ракомет.

Споделете