Украина ќе му додели 500.000 долари награда на пребеганиот руски пилот на хеликоптер

Рускиот пилот Максим Кузминов, кој пребегнал на украинската страна и на земјата и предаде руски хеликоптер Ми-8 ќе добие награда од половина милион долари, пренесуваат украинските и светските медиуми.
Андриј Јусов, портпаролот на украинското воено разузнавање вчера изјави дека парите ќе бидат исплатени во украинска валута. Тој ги повика другите членови на руската армија да го следат примерот.
Украинските медиуми со денови пишуваат за пребегнувањето на 28-годишниот Русин Максим Кузминов. Украина има официјална листа на награди за воена опрема предадена од руски војници. За тенк, на пример, можат да добијат 100.000 долари. Од друга страна, во Русија се плаќаат бонуси за авиони, тенкови и друго оружје. Тајната служба го убедила младиот човек да оди на украинската страна како дел од специјална, долга операција. Според онлајн порталот „Украинска правда“, хеликоптерот слетал во областа Харков во источна Украина. Двајца членови на екипажот загинаа. Пилотот е во Украина со своето семејство, кое претходно побегна од Русија.
Украинските и светските медиуми со денови пишуваат за пребегнувањето на 28-годишниот Кузминов на украинска страна. Тајната служба на Украина го убедила младиот Русин да премине на украинска страна како дел од долга специјална операција. Според порталот „Украинска правда“, тој со хеликоптерот слетал во областа Храков во источна Украина и тој е таму со своето семејство, кое претходно пребегало од Русија. На социјалните мрежи се појави и видео од предавањето на хеликоптерот на украинската војска.
Украина има официјална листа на награди за воена опрема. На пример за авион 1 милион долари, за тенк 100 илјади долари. Од друга страна пак, во Русија се исплаќаат бонуси за авиони, тенкови и друго оружје.
