08/06/2025

Прифатилиште за жртвите на семејно насилство во Гостивар

Советот на општина Гостивар едногласно ја изгласа одлуката за почеток со работа на Прифатилиштето за жртвите на семејно насилство.

Со ова прифатилиште ќе раководи невладината организација „Етика“, која беше избрана од Општинската комисија по јавен оглас, додека општина Гостивар за оваа намена издвои 1.200.000 денари.

Поради заштита на жртвите на семејно насилство, локацијата на овој центар останува тајна, додека ова прифатилиште е на над 100 метри квадратни и таму ќе може да се сместат до 8 жртви на семејно насилство.

-Како општество треба да се обединиме и да го спречиме насилството и да им помогнеме на жртвите на семејно насилство, додека семејното насилство е неприфатливо и како такво мора да се бориме против насилството, велат од општина Гостивар.

Споделете