08/06/2025

Макс Верстапен најбрз на Монца

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Ферстапен, победи на патеката Монца во Италија. Холанѓанецот ја постигна 47. победа во кариерата, 12. оваа сезона и рекордна десетта по ред.

Ферстапен со тоа стана првиот возач во 73-годишната историја на Ф1 кој десетпати по ред се најде на највисокиот подиум. Минатата недела го израмни рекордот на Себастијан Фетел од девет победи од 2013 година, а сега отиде чекор понатаму.

„Не верував дека се можни 10 победи по ред“, изјави со насмевка Верстапен.

„Беше многу тешко да се доближам и да влезам во свиокот 1, морав да го натерам Саинц да направи грешка. Се обидов да останам трпелив, тоа е долга трка и требаше само да го изберам мојот момент“, додаде тој.

„Браво пријателе, ти си сам, тоа е историја“, му рекол тимскиот шеф Кристијан Хорнер на Ферстапен преку радиото откако ја мина целта.

Споделете