08/06/2025

ГРАЃАНИТЕ СЕ САМООРГАНИЗИРААТ: Утре протест пред Влада во 18:00 часот

На социјалните мрежи граѓаните се самоорганизираат за протест кој би се одржал утре пред Владата на Република Македонија. Протестот доаѓа како реакција на објавениот скандал со злоупотреби на лекови на клиниката за онкологија, каде последично на тоа има и човечки жртви.

Во најавата пишува дека протестот ќе се одржи утре, понеделник, со почеток од 18:00 часот.

Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија кои со месеци во животно-загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за организиран криминал каде се инволвирани највисоки функционери на власта и истиот трае со години.

Скандалот со кражбата на лекови на онкологија не смее да помине неказнето и повторно само кабелот да биде виновен!

Не прифаќаме одговорност од најнискиот еншалон во Онкологија – бараме кривична одговорност за владините функционери!

1. Бараме одговорност од министрите Венко Филипче, Беким Сали и Фатмир Меџити.

2. Бараме одговорност од замениците-министри за здраство Илир Хасани и Маја Манолева.

3. Бараме одговорност од поранешната директора на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова и актуелната директорка Рената Младеновска.

4. Бараме одговорност од поранешниот организационен директор на Клиниката Нехат Нухи, стои во објавата на социјалните мрежи.

Споделете