08/06/2025

Манчестер Јунајтед може да плати 150 милиони фунти за Мбапе како замена за Роналдо?

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хег, им рекол на сопствениците на клубот дека Кристијано Роналдо не треба да игра за неговиот тим, откако Португалецот имаше интервју во кое зборуваше негативно за Јунајтед, објави „ЕСПН“ повикувајќи се на извори.

Иако во моментов изгледа малку веројатно, „Мирор“ тврди дека Манчестер јунајтед го сака Килијан Мбапе од ПСЖ.

– Јунајтед ќе го одбие Роналдо. Планот на клубот беше да донесе нов напаѓач следното лето, кога ќе истече договорот на Роналдо и ќе биде полесно да се потпишуваат договори со играчите што ги сакаат. Јунајтед е еден од ретките клубови во Европа што може да му даде на Мбапе неделна плата поголема од 500.000 евра – пишува „Мирор“.

Изворот воедно објави дека напаѓачот на Наполи, соиграчот на Елиф Елмас, Виктор Осимен е пореална опција и би можеле да донесат веќе во јануари, иако Мбапе би бил трансфер од соништата за клубот од „Олд Трафорд“.

Споделете