Си Џинпинг нема да присуствува на самитот на Г20 во Њу Делхи

Кинескиот претседател Си Џинпинг најверојатно нема да присуствува на самитот на лидерите на Групата 20 индустриски развиени земји следната недела.
Ова го изјавиле за „Ројтерс“ извори во Индија и Кина.
Претходно беше соопштено дека на самитот нема да биде ниту претседателот на Русија, Владимир Путин, туку на негово место ќе дојде шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Самитот се одржува во Њу Делхи на 9 и 10 септември.