СДСМ: Изолацијата беше факт 11 години, наместо слики Мицкоски да го повика Груевски да се соочи со правдата

Јавноста е сведок дека Никола Груевски, менторот и вистински шеф на Христијан Мицкоски во последно време е активен на социјалните мрежи со фермани и објавување фотографии, велат од СДСМ.
Според нив Груевски може да објавува фотографии, но, останува фактот дека со него и со ВМРО-ДПМНЕ државата беше во изолација, блокирана на патот кон ЕУ и НАТО цели 11 години.
Она по што најмногу ќе останат запаметени Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се криминалот и корупцијата, криминалното Скопје 2014 и секако масовно прислушување, што ја стави нашата земја на прво место во Европа за шпионирање по сопствениот народ. Мицкоски е ист како неговиот ментор и наместо да работи на нова блокада и изолација треба да го повика Никола Груевски да се соочи со правдата и да одговара пред македонските судови, стои во соопштението.