08/06/2025

Ковачевски со честитки за македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова за освоениот златен медал

Премиерот Димитар Ковачевски упати честитки до нашата параолимпијка Оливера Наковска Бикова од Битола која го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион во дисциплината „П4-пиштол слободен избор“ кое се одржува во Обединетите Арапски Емирати.

-Искрени честитки за македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова за освоениот златен медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион. На Оливера и на сите параолимпијци им посакувам успеси и во иднина. Вие сте нашата гордост, пример како се бранат македонските бои и најголем промотор на Република Северна Македонија во светот, истакна Ковачевски во честитката на социјалните медиуми.

Споделете