МАКЕДОНИЈА Е ГОРДА: Горјан Гого Славески е новиот светски шампион во бокс без ракавици

Македонија ноќеска го доби првиот шампион во бокс без ракавици.
Горјан Гого Славески го совлада американецот Џејк Линдси и со тоа стана светски шампион во бокс без ракавици во категорија до 75 килограми.
Горјан докажа дека заслужено го носи прекарот Braveheart (храбро срце), а со последната победа неговиот резултат е 6:0.