Набавени се нови автобуси, од 1-ви септември Штип ќе имаат модерен градски превоз

Набавивме 6 нови автобуси за градски превоз, од 1-ви септември штипјани ќе имаат модерен превоз, истакна вчера градоначалникот на оптина Штип, Иван Јорданов.

„ОВА Е ДАТУМ ЗА ПАМЕТЕЊЕ!
Јавниот градски превоз, долгогодишното барање и желба на граѓаните во Штип, денес стана реалност!
Со 6 нови, модерни и удобни автобуси, од 1 Септември ќе овозможиме штипјани да имаат квалитетен јавен транспорт, а учениците на време и безбедно да пристигнуваат на настава.
Успеавме да оствариме уште една наша визија и уште еден сон на секој граѓанин на нашата општина“ – истакна Јорданов.