СДСМ: Јасно како ден: Мицкоски е анти ЕУ политичар, ист како Груевски

Сега на сите им е јасно како ден: Мицкоски е анти ЕУ политичар. Ист како неговиот ментор и шеф Никола Груевски. Груевски ја држеше земјата во изолација цели 11 години, надвор од ЕУ и НАТО, велат од СДСМ.
Додаваат дека Христијан Мицкоски не гласаше за членство во НАТО и цело време работи против членството во ЕУ.
– Сака македонскиот јазик да не биде дел од ЕУ, сака да ја блокира европската иднина, сега кога тоа е на дофат на целиот народ, на нашата земја. СДСМ нема да подлегне, заедно со македонскиот народ и сите граѓаните кои во огромно мнозинство сакаат да ја видат земјата во ЕУ ќе се бори за европска иднина и ќе победи, стои во соопштението.