08/06/2025

На Леонид му е потребна нашата помош

По тешка несреќа која се случи пред две недели, младиот и талентиран Леонид сега со соочува со сериозен здравствен предизвик за чие совладувавање неопходна му е нашата помош и поддршка.

Општина Аеродром објави апел, да му помогнеме на Лео да закрепне.

Леонид Индов е млад ентузијаст кој заедно со уште еден ученик изработија апликација што го анализира и проучува движењето на Меѓународната вселенска станица, а со тоа го освоија првото место на меѓународниот натпревар „NASA Space Apps Challenge“.

Ова признание и првото место за апликацијата им отвори можност да го посетат NASA Кенеди Центарот во Флорида, каде ја имаа можноста да се запознаат со експерти и научници од вселенската индустрија.

Донациите може да се направат со повик на телефонските броеви:

А1: 143 500
Телеком: 143 118

Споделете