ЈСП доби плата, автобусите утре ќе возат

Скопје ќе има автобуски преоз откако на вработените во ЈСП денеска им се пуштени јулските плати, па Синдикатот го стави најавениот протест во мирување.
Миќо Стојановски, претседател на синдикатот на ЈСП при Сојузот на синдикати на Македонија, дека денеска имале средба со директорот Крсте Петревски, дека во моментот проблемот со платите е надминат, но долгорочно проблемот останува.
Не е решен проблемот долгорочно, “канцерот“ останува. Ние сме трошковна компанија, не сме доходовна. Возиме бесплатно разни категории граѓани, а се финансираме од субвенции од Град Скопје, од блок дотации од Владата. Летниов период е редуциран и возниот ред, па и приходите од билети се помали, Решен е само моменталниот проблем со платите – вели Стојановски за „Слободен печат“.