08/06/2025

Конор Макгрегор се враќа во УФЦ

Еден од најпопуларните борци во историјата на ултимејт фајтот, Ирецот Конор Макгрегор, потврди дека ќе се реактивира.

Конор, кој се нема борено од 2021 година, во декември годинава ќе се бори со Мајкл Чендлер, а во текот на следната 2024 година има закажано борби против Џастин Гејтџи и Нејт Диаз, со кого ќе комплетира трилогија.

Пред да добие дозвола да се бори во октагонот, 34-годишниот мора да помине шест месеци во САД на антидопинг тестови и мора да има два негативни теста.

Споделете