Голем пожар избувнал во Дебрешта, активирани трите Ер трактори

Поголем пожар денеска избувнал во атарот на с. Дебрешта, Општина Долнени.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, гори нискостеблеста деградирана шума.
-За да се превенира негово ширење трите Ер Трактори на ДЗС се упатени да интервенираат, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.