09/06/2025

Студено утро, сончев ден – магла по котлините

Сончево со мала до умерена облачност, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините.

Утринските температури од -3 до 6 степени, а максималните дневни ќе достигнат 19 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Максималната дневна температура ќе биде 15 степени.

Утре ќе се задржи стабилно време со појава на утринска магла по котлините и со ниски минимални температури. Од средината на неделата ќе има зголемена облачност со повремен локален дожд. Утринските температури насекаде ќе бидат над нулата, а дневните ќе бидат без промени.

Споделете