10/06/2025

СДСМ: ВМРО ДПМНЕ треба подобро да биде информирана, Декларацијата за Илинден одамна ја поднесовме

„Дали BMPO ДПМНЕ нема капацитет доволно да ги следи политичките случувања во земјава? Или пак нивната определба да се служат само со лажни вести е причина за манифестираното непознавање на работите и неинформираност од страна на опозициската партија?“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Декларацијата за Илинден СДСМ ја поднесе во Собранието уште на 28 ми јули. За поднесувањето и јавно информиравме. Согласно собраниските процедури ќе се најде и пред пратениците.

Покажувајќи вакво незнаење BMPO ДПМНЕ излегува многу несериозна. BMPO ДПМНЕ треба подобро да биде информирана и да ги следи случувањата во земјата и во македонското Собрание“, се додава во реакцијата на СДСМ

Споделете