08/06/2025

ВМРО ДПМНЕ: Им забрани ли Радев на Ковачевски и СДС да ја поднесат Декларацијата за Илинден која месец дена помпезно ја најавуваа?

Димитар Ковачевски и СДСM се самоцензурираат. И по месец дена откако најавија некаква Декларација за Илинден за  заштита на државните интереси и значењето на Илинден за Македонија и македонскиот народ, ниту Ковачевски, ниту СДСM збор не изустиле што содржи истата и кога ќе ја поднесат.Им забрани ли Румен Радев на Ковачевски и владата на СДСM и ДУИ да ја поднесат Декларацијата за Илинден која месец дена наназад помпезно ја најавуваа?До каде е и што содржи таа Декларација?Зошто Ковачевски и СДСM се уште не ја поднеле и од што се исплашија?Уште еден неуспешен обид на владата на СДСM и Ковачевски да се претстават пред граѓаните како некакви заштитници на македонскиот идентитет, јазик, историја, народ, култура и традиција. Ковачевски и СДСM се откажаа од се што е македонско и се најголемите предавници на сопствениот народ и држава.Никој не го поддржува Ковачевски, СДСM и ДУИ. Владата на СДС и ДУИ нема двотретинско мнозинство за уставни измени и затоа повикува на консензус. Но, единствено им е важен консензусот за ден повеќе да крадат.Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Консензус за уставни промени нема. Консензус е можен само за одржување на предвремени парламентарни избори.

Споделете