08/06/2025

Временска прогноза за ден 11.08.2023

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 28 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи за наредните денови прогнозира стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер, од северен правец.

Споделете