Вчера биле изгаснати 25 пожари во Македонија

Во текот на вчерашниот ден изгаснати се 25 пожари на отворен простор на повеќе места во државата, известуваат од Центарот за управување со кризи.
Од пожарите шест се во околината на Куманово, четири во околината на Скопје, по два во Охрид и Велес и по еден во Свети Николе, Штип и Гевгелија. Како што известија, изгаснат е и пожар во Новаци, Карбинци, Долнени и Лозово.
Центарот за управа со кризи апелира до сите граѓани да внимаваат да не предизвикаат пожар.