08/06/2025

Блинкен разговарал со соборениот претседател на Нигер, бара негово ослободување

„Разговарав со претседателот Базума од Нигер за да ги пренесам нашите континуирани напори за изнаоѓање мирно решение за актуелната уставна криза. САД повторно повикуваат на негово итно ослободување“, напиша Блинкен на социјалната мрежа Х, порано Твитер.

Бунтовниците извршија воен удар во Нигер на 26 јули, по што ги затворија границите, воведоа полициски час, го суспендираа уставот и ги забранија политичките партии.  Тие го доведоа на власт генералот Абдурахман Тијани, чии приврзаници го затворија Базум . 

Споделете