09/06/2025

Ковачевски: Украинскиот политичар доби државјанство врз основа на позитивните мислења од сите релевантни институции

17102022_PVRSM-Kovacevski_Institut-za-makedonski-jazik_4-960x600

Државјанство се издава врз основа на одобрение од повеќе државни институции, а за државјанството на украинскиот политичар имаше позитивни мислења од сите релевантни институции, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

При издавањето на тоа државјанство биле прибавени сите позитивни мислења од сите релевантни институции согласно со процедурата. Врз основа на тие позитивни мислења Владата донела одлука да додели државјанство, рече Ковачевски во одговор на прашање зошто му е дадено државјанство на украински политичар кој се товари за проневери, по отворањето на Првиот национален саем за храна и пијалаци во Градскиот парк во Скопје.

Нормално е, додаде, како Влада да побараме и други испитувања за да видиме дали постојат и некакви други информации кои што треба да бидат замени во предвид.

Споделете