09/06/2025

Фатени дрвокрадци во ресенско

314749153_438061365171063_9216586819221508677_n

Полициски службеници од ОВР Ресен на 11.11.2022 во атар на с.Болно на м.в.Речиште ресенско, одзеле возило „застава“ без регистарски таблички, управувано од Е. К.(34) од Ресен, натоварено со огревни дабови дрва без жиг и документација и возило „шкода фелиција“ без регистерски таблички, управувано од А. М. (19)од Ресен, исто така натоварено со огревни дабови дрва без жиг и документација. Од страна на вработените од ЈП„Национални шуми“ е извршено мерење на дрвата, по што возилата со дрвата се одземени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Споделете