09/06/2025

Доналд Трамп наредната недела ќе ја објави својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година

750x450trump_at_the_joint_session_of_congress-1

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, во вторник ќе објави дека е кандидат за претседателските избори во 2024 година, потврди вчера неговиот близок советник.

Поранешниот претседател Трамп во вторник ќе објави дека е кандидат за претседателските избори. И тоа ќе биде многу професионална, многу уредна најава, рече неговиот советник Џејсон Милер.

76-годишниот републиканец смета дека прашањето за неговата кандидатура „не треба ни да се поставува“, објасни Милер. Дури и ако влијанието на Трамп врз Републиканската партија остане непобитно, тој сепак излезе ослабен од среднорочните избори во вторникот, кога многу негови истомисленици потфрлија.

Споделете