08/06/2025

Во Охрид денес се одржува 44. издание Илинденски пливачки маратон

Традиционално денеска во водите на Охридското Езеро ќе се одржи 44. Илинденски пливачки маратон. Во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008 Охрид“, а под покровителство на Советот на Општина Охрид.

На патеката од Горица до Охрид во должина од 2,5 километри, се пријавени педесетина пливачи од Македонија и странство, поделени во две категории – пливачи постари од 16 години и пливачи родени 2008 година и помлади.

Стартот на маратонот беше од плажата „Горица 1“, со тоа што помладите стартуваа во 10:30 часот, додека втората група час подоцна. Целта е на Кеј Македонија во Охрид кај хотелот „Нова Ривиера“, а пристигнувањето на пливачите се очекува да биде околу пладне.

Илинденскиот пливачки маратон на Охридското Езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.

Споделете