СДСМ: Откако се исполнети сите услови на Мицкоски, сега тој е на потег, да одлучи дали е за ЕУ или за изолација

Сите министри во Влада од редовите на ДУИ, поднесоа оставки до премиерот Димитар Ковачевски, кои ќе стапат на сила веднаш откакако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за усвојување на уставните измени. Ставајќи го државниот пред партискиот интерес ДУИ покажа одговорност кон врвната стратешка цел, европската иднина на земјата и сите наши граѓани, велат од СДСМ.
Додаваат дека со одлуките на Централниот одбор на СДСМ, како и со последната одлука на ДУИ, исполтени се сите услови кои ги поставуваше Мицкоски за ВМРО-ДПМНЕ да поддржи уставни измени, вклучително и Влада без ДУИ.
– Сега, на потег е Мицкоски да покаже дали има државнички капацитет, дали му е важна европската иднина на земјата или се грижи само за својата фотелја во Белиот дворец. Членството во ЕУ е врвна стратешка цел поставена уште пред 32 години, не е борба за власт туку борба за иднината на државата и од тоа СДСМ нема да отстап, истакнаа тие.
Посочуваат дека гласот за уставните измени е глас за Европа, за полноправно членство во ЕУ.
– Со глас за Европа во македонското Собрание Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса, наместо да ја блокираат, да ја поддржат македонската иднина во Европа, стои во соопштеието.